
Популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ во својата богата музичка кариера има само два дуети. Едниот со Дино Мерлин другиот со Харис Џиновиќ. Третиот и официјално слушнете го во продолжение. Скопје – Белград во кој партнер по пеење му е неговиот пулен Даниел Кајмакоски. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Јоксимовиќ, текстот на Драган Брајевиќ Браја и Фахрудин Пецикоза а македонскиот препев е на Магдалена Ена Цветковска. Песната е снимена во студиото на Жељко, Минакорд.
Спотот за оваа песна се снимаше и во Скопје и во Белград. За два дена ќе се случи и официјалната промоција на истиот. Го режираше Дејан Миличевиќ. И пред регионот и официјално да ја види видео приказната, Вие слушнете ја песната.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Ev3q2xLn_PU