Научниците ја набљудувале структурата на Стоунхенџ, но и работната сила која е потребна да се довлечкаат овие столбови од камен.
Стоунхенџ е голем потфат за кој биле потребни илјада луѓе кои ги поместувале камењата, ги обработувале и ги подигнале, што само по себе е чин на соединување, изјавил професорот Мајк Паркер Пирсон од универзитетот Шефилд.
Според најновата теорија Стоунхенџ е изграден во знак на склучување мир помеѓу завојуваните британски племиња. Столбовите од камен симболизираат претци на различни кланови и фармерски семејства кои пред крајот на камената ера често биле во судир.