Оваа диета е хит во Холивуд!

popara28 јануари, 20141min00
150

Покрај Гвинет Палтроу, Кирстен Данст, Џенифер Анистон и Викторија Бекам, има и други славни холивудски имиња кои се следбеници на новата алкална диета по чиј режим во организмот треба да се внесува 30 отсто кисела храна за pH вредноста да биде меѓу 7,35 и 7,45.

Промоторите на диетата тврдат дека освен слабеењето, овој прехрамбен режим помага и во лечењето различни болести.

Според строгиот режим, не смеат да се консумираат намирници што создаваат киселост како скробот и житарките, а на листата за забранети намирници се тестенините, пченицата и гравот, сите млечни производи, месото, рибата и школките.

23

Исто така забрането е консумирање на чај, кафе, шеќери, газирани пијалаци и алкохол.

Викторија Бекам на Twitter го изрази воодушевувањето од новата програма за исхрана објавена во книгата со рецепти на Вики Еџсон и Наташа Корет. Според нив, 70 отсто од исхраната треба да биде алкална, додека останатите 30 отсто можат да бидат кисели, што значи внесување на многу овошје и зеленчук.

Според авторките, ако правилно се применува диетата, овој прехрамбен режим ги подобрува нивото на енергија и меморијата, ги лечи главоболката, подуеноста, срцевите заболувања, болката во мускулите и проблемите со несоницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma