Овие жени секогаш го добиваат мажот што ќе го посакаат

popara20 декември, 20141min00
7

Стручњакот за врски и секс Трејси Кокс открива шест тајни на жените кои секогаш го добиваат целото внимание од мажите. Имено, некои жени секогаш го добиваат мажот кој ќе го посакаат.

Трејси вели дека постојат шест едноставни начини како да заведете и да освоите маж, а тие немаат баш никаква врска со изгледот.

Постојат некои квалитети кои ги прават луѓето атрактивни, а се сведуваат на овие две едноставни прашање, сакате ли секс и ги сакате ли луѓетп. Ако одговорите се потврдни, веројатно сте секси. Сите ние имаме подсвесен секс-радар кој се вклучува кога сме во друштво на привлечни луѓе. Радарот за добар изглед се уклучува прв и благодарејќи на него веднаш ја скенираме најпривлечната личност во друштвото. Ова се шест најважни правила поради кои некои жени го добиваат ама баш целото внимание на мажите. А не се однесуваат на изгледот.

Полни сте со ентузијазам

Ентузијазмот е заразен. На некој кој е полн со живот едноставно морате да реагирате. Во друштво на таква личност морате да се чувствувате добро и морате да се смеете. Некогаш не е ни важна причината поради што сте се возбудиле, туку начинот на кој реагирате, страствено, полн со живот и еуфорично. Девојката која стои во аголот и не го менува изразот на лицето, зборува со монотон глас може да биде вистинска убавица, но ако го нема тој ентузијазам, привлечноста драстично и опаѓа.

Со неа се чувствувате како да сте единствени во собата

Жена која со интересирање слуша што зборувате, која гледа директно во очи, со која мажите се чувствуваат важни и посебни, е жена која ќе го окупира нивното внимание.

Горда е на тоа што е

Жена која не се плаши да си го каже своето мислење дури и кога е спротивно од сите други со кои е во конверзација. Понекогаш е помалку и нападна и непристојна, но токму поради тоа шармантна. Со неа никогаш не е досадно. Се придржува до своите уверенија и верува во себе. Сите веројатно се восхитуваме на луѓе кои со дигната глава ги водат своите битки.

Не се плаши од допири

Немојте да ја потценувате моќта на допирот. Личноста која срдечно ќе ве прегрне додека ве поздравува, која не се плаши загрижено да ја стави раката на рамото на соговорникот, која не се плаши да покаже мали секси гестови, долго стискање на раката, невин бакнеж во образ..

Со тоа не заборава ни на секси допирите

Сензуален допир како наместување на косата, стискање додека ви е ладно всушност се директни повици тој да погледне токму на тој дел на кој обратува внимание. Ако сте ладни, ќе претпостави дека сте дистанцирани и дека е тешко да ве запознае и придобие.

Свесни се за своето тело и знаат да го покажат

Колку повеќе го познавате и цените својот изглед, подобро ќе се презентирате. Ако седите со прекрстени нозе, дигнати на креветот и уште сте ја прегрнале и перницата, праќате порака дека мислите дека имате премногу килограми или се обидувате да го прикриете стомакот. Од друга страна жена која се протегне со рацете високо над глават, лесно и полека, праќа порака дека е горда на своето тело.

Не е претерано нашминкана

Жена која ќе ја приметите не е опседната со изгледот. Онаа пак која е целата (намонтирана) со целосен мејкап, руж, маскара, пудра, која изгледа како кукла, праќа порака дека е опседната со себе. Децентна шминка, но и изглед „само што станав од креветот“, опуштен природен, сонлив, секси, никогаш нема да излезе од мода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma