Малолетникот од Хрватска сам ја основал оваа Фејсбук страна, која има над 70.000 лајкови, а сето тоа го направил под лажен идентитет Јосип М.
-Ја исклучив страната додека не се смират страстите. Но ништо не ми можат затоа што не го кршам законот, напиша тој на спорната страна.
Веста за постоењето на оваа страна ги шокираше сите на Балканот, а особено жителите на Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.
Иако таа моментално не функционира и администраторот повеќе не објавува провокативни фотографии на малолетни девојчиња, на Фејсбук се појавија нови страни со исто име и слични вулгарни содржини.
Исто така, иако нејзиниот основач тврди дека нема ништо спорно во неговите постапки затоа што девојките сами се фотографирале и си ги поставувале фотографиите на своите профили, Кривичниот закон предвидува кривични дела против честа и угледот.
Каков ќе биде расплетот на овој скандал, останува да видиме.