Последниве години превидуваа крај на светот, разни апокалипси, напади на зомби и слични катаклизми кои ќе ја погодат Земјата. Ако такво нешто некогаш се случи, важно е човек добро да се засолни, барем така смета Мерцедес Бенз кои веќе направиле возоло кое би можело да помогне во таква ситуација.
Мерцедес го претставиле својот модел Мерцедес Хантер Х6, камион кој е прилагоден за возење по планина, а опремен е со високо одбрамбен механизам кој ги одбива речиси сите надворешни елементи.
Овој Ловец има 6х6 погонски механизам и може да обезбеди живот за 6 члено семејство.
Камионот има одлични маневарски способности и е во состојба да се пробие низ снег без никаков проблем. Во случај на опасност во внатрешноста се наоѓа безбедносен систем со комори.
Иако купувањето на ова возило дефитивно е инвестиција за иднината, прашање е кој би си го дозволил бидејќи цената изнесува 3,6 милиони евра.