
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* палачинките подгответе ги според основниот рецепт
* 300гр мелено месо
* 1 главица кромид
* 200гр печурки
* 1/2 свежа црвена пиперка
* 2 лажици исецкан магдонос
* 1 лажица оригано
* 1 лажица црвен пипер
* сол
* бибер
* 2 лажици масло
ПРЕЛИВ ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ:
* 300мл павлака за готвење
* 200мл јогурт
* 100мл млеко
* 3 јајца
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На малку масло додадете го ситно исецканиот кромид и кога ќе пушти мирис додадете ја ситно исецканата пиперка. Кога пиперката ќе омекне додадете го месото и пржете на тивок оган со постојано мешање. По 5 минути додадете ги сецканите печурки. Додадете ги и зачините и пржете на тивок оган се додека целата течност не испари. Смесата изладете ја и полнете ги палачинките. Ставете ги во ватростален сад и полиете ги со преливот кој сте го подготвиле така што сте ги измешале јајцата, палвлаката за готвење, јогуртот и мелкото. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете околу 30-40 минути.