Палачинки со чоколадо и кокос

popara4 август, 20141min00
palacinki-so-cokolado-i-kokos

Потребни состојки:

100гр брашно

30гр шеќер во прав

2,5 дл млеко

2 јајца

5 дл пиво

30гр путер

За фил:
3 дл неутрален крем
150 гр бело чоколадо
50 гр на кокос
50 гр бадеми
50 гр лешници

За декорација:
50гр млечно чоколадо
неколку листови од свежо нане
Начин на подготовка:

1. Во еден сад измешајте брашно и шеќер во прав. Во друг сад помешајте млеко, јајца, пиво и омекнат путер. Сетоа тоа соединете го и испечете тенки палачинки.

2. Изматете неутрална павлака и во неа полека додадете бело чоколадо растопено на пареа.

3. Во добиената смеса додадете кокос, бадеми и лешници.

4. Филувајте ги палачинките, посипете со растопено млечно чоколадо и украсете со листови нане.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag