Помеѓу заливот Џорџијан и реката Отава во централен Онтарио, Канада, се наоѓа прекрасниот парк Алонгквин, кој во овој есенски дел од годината насекаде е исполнет со најубавите варијанти на црвена и жолта, додека синото небо, зимзелените дрва и водата даваат неверојатен контраст.
Паркот Алонгквин е најстариот и најголем парк во цело Онтарио, се простира на површина од 8.000 километри квадратни и претставува дом на многу животни: волци и црна мечки, глувци, лисици, верверици, над 250 видови птици итн.
До паркот можете да дојдете на неколку начини. Едниот е со автомобил, а има и место, токму пред паркот, каде да си го оставите возилото додека уживате во природната убавина.
Другиот начин е со кану кое ви овозможува да дојдете и до некои делови од паркот каде што не можете ниту пеш.
Паркот е отворен и во зима, само со скии и снежни обувки, па можете да замислите колку убаво изгледа прекриен со снег…