Ретки се оние за кои посетата на лекар претставува задоволство. Незгодните ситуации не се реткост, меѓутоа многумина се тешат со фактот дека што и да се случува останува помеѓу четирите ѕида на ординацијата. Но дали е така?
Пијанството на една 23 годишна девојка станало трофеј на Фејзбук профилот на нејзиниот лекар. Откако завршила во болница во Чикаго поради прекумерна употреба на алкохол лекарот ги фотографирал нејзините пијани моменти и ги објавил фотките на Фејсбук и Инстаграм.
Сличен инцидент е забележан во Мичиген кога лекарот фотографирал атрактивна пациентка, а потоа ги објавил нејзините фотографии на популарната социјална мрежа со коментар: “Ми се допаѓа, баш ми се допаѓа!“.