Пет работи во животот кои не можат да се вратат!

popara25 февруари, 20141min00
9

Девојка чекала авион во чекалницата на еден огромен аеродром. Бидејќи требало долго да чека, одлучила да купи книга за да побрзо и помине времето. Со книгата си купила и пакетче колачи.

Седнала со ВИП чекалницата за да никој не ја вознемирува. Покрај неа била столицата со колачињата, а од другата страна еден господин кој читал весник. Кога почнала да зема од колачите и господинот земал еден. Таа се шокирала, но ништо не рекла и продолжила да ја чита книгата. Во себе помислила: Гледај го ти ова, да имам малку повеќе храброст сега ќе го ударев.. Секој пат кога таа земаше од колачите, човекот покрај неа, земал исто така еден.. Продолжиле така се додека не останал само еден колач во пакетчето и девојката помисли: баш ме интересира што сега ќе направи.

Човекот го зема последниот и го дели на две.

Ова е навистина премногу, помислила девојката, шокирана ги земала своите работи, книга, торба и отишла спрема излезот. Кога се чувствувала малку подобро, откако и поминала лутината, ја земала книгата за да ја стави во торбата. Во тој момент го гледа пакетчето со колачи сеуште недопрено.

Тогаш сфатила дека колачите биле исти како нејзините и биле на господинот кој седел до неа, но кој без нервози, шокирања или препотенција, го поделил своето последно парче со неа, сосема спротивно од неа, на кои и беа повредени гордоста и чувствата.

ЗАКЛУЧОК: Колку пати во нашиот живот сме или ќе изедеме туѓи колачи, а тоа никогаш нема или не сме го дознале?

Пред да се дојде до брзоплет заклучок и пред да почне да се мисли лошо, гледај со внимание на деталите, многу често ситуацијата не е таква каква што ни изгледа на прв поглед!

Во животот постојат 5 работи кои не можат да се вратат:

  •  Фрлениот камен ;
  • Изговорениот збор ;
  • Изгубена можност ;
  • Поминатото време ;
  • И љубовта за која не се бориш!
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag