Состојки:
● ½ шоља мелени бадеми
● ¼ шоља интегрално брашно
● 1 ипол лажичка мелена пиперка
● ½ лажичка сецкан лук
● ¼ лажичка сол
● 1/8 лажичка бибер
● 1 ипол лажица маслиново масло
● 2 белки од јајце
● 400 г пилешки гради
● Масло за јадење
Подготовка:
1. Во блендер ставете ги бадемите, брашното, пиперот, лукот, солта и биберот и миксајте неколку минути. Во текот на миксањето додајте го и маслото.
2. Изматете ги белките па прво во нив извалкајте го пилешкото, а потоа и во смесата од бадеми. Ставете го месото во тава за печење обложена со мрсна хартија и попрскајте со масло. Печете 20-25 минути на 250 степени.