Писториус низ солзи се извини на родителите на неговата сакана!

popara7 април, 20141min00
_73296695_73296694

– Сакав само да ја заштитам Рева.Се уште го чувствувам мирисот на крвта.Не можам да спијам ноќе и се будам секое утро мислејќи на вас, рече вознемирениот Писториус кој иако имаше подготвено напишана изјава за судиите и поротниците, на родителите им се обрати без да чита,покривајќи го лицето со рацете.

Убиството се случи на празникот Денот на вљубените (Свети Валентин) минатата година,во неговата куќа во елитниот дел на Преторија.

Писториус и тогаш и сега тврди дека Рева е убиена по грешка,откако тој пукал од својот револвер низ вратата во бањата,мислејќи дека таму има провалник, не знаејќи дека во просторијата се наоѓа неговата девојка.

Обвинителството не го прифаќа ваквото објаснување и верува дека станува збор за убиство со умисла,по расправијата меѓу нив двајцата,откако дошле дома по славењето на празникот.

Соседите на спортистот тврдат дека пред истрелите,слушале бучна расправија,како и врисоци.

Судењето почна на почетокот од март и засега не се знае колку ќе трае.
Оскар Писториус се натпреварува трчајќи со метални протези,откако двете нозе му се ампутирани до колената.Се натпреварува на сите атлетски турнири на инвалидизирани спортисти,каде постигнува извонредни резултати,што му даваат можност да трча и со „здрави„ атлетичари.На Олимпијадата во Лондон,во 2012 година тој беше првиот атлетичар досега кој со протези трчаше во квалификациите на 400 метри и за малку не се пласира во финалето,а потоа се натпреваруваше и на Параолимписките Игри, во истата дисциплина, каде освои златен медал за Јужна Африка.