
Постои и егзотична плажа која се наоѓа на ливада.
Кога некој ќе ни спомене плажа, веднаш замислуваме големо сино море или езеро. Сепак постојат плажи кои “немаат” море, но сепак се убави и пријатни.
Една од нив е Гулпијури на северот на Шпанија. Оваа плажа е долга околу 40 метри со кристално чиста тиркизна вода, а споена е со море преку пештера.
Станува збор за популарно туристичко место бидејќи е тешко да се пронајде заради брдата кои го окружуваат.
httpv://www.youtube.com/watch?v=h1sw-SZbkcE