
Спoред последната анализа iPhone 6 ќе има повисока HD резолуција на екранот од 960 х 1704 пиксели пресметано според принципот на подобрување на технологијата на Apple со секој нов модел на смартфонот, па затоа се очекува визуелниот дел на iOs 8 да добие многу промени со апликациитекои освен на поголемиот екран ќе треба да се прилагодат и на подобриот степен на резолуција.
За да добие реална слика на сите овие идеи 9to5Mac прави спој на Motorola Moto G кој исто така има 4.7 инчен дисплеј со тест моделот на iPhone 6, кој секако се уште не е официјален но, е добра основа за правење на овој одличен видео концепт кој може да го погледнете во продолжение.

