Подобрете ја ерекцијата и либидото на природен начин

popara4 мај, 20141min00
20

Повозрасните мажи патат од проблемот со постигнување или пак одржување на ерекцијата, иако во последно време се повеќе тоа им се случува и на помлади мажи…

Истражувањата укажуваат дека мажите кои се импотентни се одлучуваат за вијагра, левитра или слични медикаменти. Сепак, има 10 намирници преку кои на природен начин можете да му се спротиставите на проблемот, а воедно и да си ја подобрите ерекцијата.

Месо и риба

Протеините кои се наоѓаат во пилешкото месо и рибата ќе ја зголемат вашата сексуалната моќ, но освен тоа, редовното конзумирање на оваа храна ќе ви помогне да го намалите и „појасот за спасување”, што сигурно ќе го зголеми вашиот сексуален нагон. Кога изгледате подобро, сигурно и ќе се чувствувате подобро.

Црвено вино

Алкохолот во мали количини не може да ви наштети, а веќе којзнае колку пати имате прочитано дека црвеното вино делува добро на вашето срце. Малку алкохол (не повеќе од 2 чаши) ќе ве опушти, а кога сте опуштени – се е полесно.

Авокадо

Авокадото ја зголемува желбата за секс, а воедно го ослободува и телото од штетните токсини.
Авокадото е полно со масло и витамини кои го подобруваат сексуалното здравје кај мажите.

Чоколадо

Црното чоколадо ќе го подобри вашето расположение, а со тоа ќе ве направи и порасположени за водење љубов. Кога сте веќе во продавница и посегнувате по кондоми, не заборавајте да се почастите и со едно квалитетно чоколадо. Ќе ви се исплати.

Семки од тиква

Семките од тиква го намалуваат ризикот од рак на простата. Богати се со цинк кој помага вашите приватни делови да работат како што треба. Значи, кога следите битен натпревар, воопшто не е “селски” да грицнете и по некоја семка.

Лута црвена пиперка

Се смета дека овој зеленчук го зголемува сексуалниот нагон кај мажите. Познато е дека спортистите од јужноамериканските држави, како допинг, често јадат црвени пиперки пред битни спортски настани со цел да ја зголемат својата издржливост. А затоа што знаеме дека издржливоста е битна и во сексот, тогаш вклучете и некое луто пиперче во ручекот.

Смокви

Докажано е дека смоквите помагаат за одржување на правилен крвен притисок и овозможуваат добро циркулирање на крвта низ сите делови од машкото тело.

Банани

Бананата е богата со калиум, кој исто така влијае позитивно на крвната циркулација. Лекарите веруваат дека бананите се совршеното овошје, а тоа што помагаат во подобрување на сексуалниот нагон е само една од причините за ова мислење. Не е воопшто чудно што мајмуните ги обожаваат.

Остриги

Уште од античко време се верува дека остригите претставуваат голем афродизијак. Познато е дека римските цареви редовно ги конзумирале со цел да ја зголемат својата сексуална моќ, па затоа не се сомневаме дека ќе ви помогнат и на вас.

Бадеми

Бадемите помагаат вашето срце правилно да ја извршува својата работа и да одржува добра циркулација во сите делови од вашето тело. Вкусни се и добро одат со алкохол – повторно, во умерена количина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag