Се нашла на една руска страница. На фотографиите се таа и нејзиното семејство како и сите нејзините модни комбинации кои кренале голема прашина во Србија, а како што стојат работите и надвор од нејзините граници.
Јелена Карлеуша се нашла на страницата fashiony.ru, руски портал кој ја споредува со Ким Кардашијан. На овој портал ја нарекуваат „српската Кардашијан“.
Претставени се сите нејзини модни комбинации, од најпровокативните до оние на кои би и позавидувала и самата Ким.
Дали е гордост или за навреда споредувањето на дивата со светската старлета број еден?