
ПОТРБНИ СОСТОЈКИ:
За тестото:
* 325гр брашно
* малку сол
* 1/2 коцка квасец
* 1 лажиче шеќер
* 125мл млеко
* 1 јајце
* 60гр мек путер
За филот:
*главица кромид
*100гр димена сланина исецкана на коцки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте го брашното и солта во чинија, па во средината направете вдлабнатинка. Измешајте го квасецот, шеќерот и лажица млака вода па ставете ги во вдлабнатинката. Врз квасецот ставете малку брашно, покриете го садот и оставете го на топло место околу 60 минути.
Додадете ги млекото, јајцето и путерот, па замесете тесто. Оставете гo на топло место, покриено со крпа, да нарасне.
Исечете го кромидот. Испржете ја сланината во твче без да додавате масло. Додадете го кромидот и пржете ги заедно уште малку.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Премесете го тестото уште еднаш и поделете го на 20 парчиња. Секое од нив обликувајте го во топче и тенко расукајте го. Врз него ставете малку сланина и кромид, затворете го и притиснете го со прстите на краевите.
Обликувајте ги погачиците и редете ги на плех подмачкан со масло. Печете околу 25 минути.