Според последните истражувања, социјалните мрежи можат многу да ја загрозат љубовната врска, посебно зависниците кои по цел ден не се исклучуваат од Фејсбук.
Доколку сте зависник од Фејсбук или некоја друга социјална мрежа, лошо ви се пишува. Поточно, не на вас, туку на вашиот љубовен живот. Према неодамнешната работена студија, љубовните односи во голема мера трпат поради социјалните мрежи, посебно кај личности кои се зависни од проверувањето на Фејсбук, чатењето, лајкувањето и шерувањето. Во истражувањето учествувале 581 луѓе кои одговарале на прашање дали во врската имале проблеми, караници, прењуби и раскинувања предизвикани од претерано конзумирање на социјалните мрежи? Одговорите воглавно беа позитивни, посебно кај корисниците кои се значително активни на Фејсбук и останатите социјални мрежи и чии врски поради тоа биле преполни со расправии, изневерувања и раскинувања.
На прашањето како тоа Фејсбук ја загрозува вашата врска се дава едноставен одговор. На социјалните мрежи човек секојдневно е во контакт со многу луѓе, со самото тоа и бивши љубови, што во голема мера предизвикува големи напади на љубомора кај партнерот. Неретко се јавува дури и запоставување на саканата личност поради виртуелниот свет, што се вкупно води кон распаѓање на љубовниот однос и се поголеми несогласувања.
Денес идеален ден е да ги превртите своите лоши навики и повеќе да се посветите на реалниот, наместо на виртуелниот живот. Сепак живиот контакт, љубовта која ја осеќате во близина и топлиот допир е нешто што не може да се замени со лајкови, чатови и шерувања. Имајте убав ден.