
Дека автомобилите кои поседуваат врвни перформанси и не се најдобро тло за различни експерименти како би се достигнале крајните граници, покажува и овој видео запис.
Тоа најдобро го докажа еден возач на Lamborghini Gallardo кој имаше можност да го тестира како се однесува на патеката, но после низа од преправки со кои му биле “подарени” налудничави 2.000 КС!
Сосема очекувано автомобилот просто како да леташе по пистата. Возачот успеа да оствари брзина од 400 километра на час и тоа на патека со должина од се’ на се’ 1.6 километра.
За тоа му беа потребни само 24 секунди. Сепак, ваквите потези може да бидат и многу опасни. Комбинацијата на преголема моќ и огромна брзина предизвика пожар кај овој Gallardo непосредно пред постигнувањето на овој рекорд.
Погледнете како се запали Lamborghini Gallardo при брзина од 400 km/h!
httpv://www.youtube.com/watch?v=Zs1VXXsUJao