Крис Џонсон, портпаролот на Naval Sea Systems Command, за Mashable вели дека новото оружје ќе може да се користи за уништување на непријателски проектили, авиони, бродови, како и мети на копно. Малите проектили се опремени со навигациски систем кој им овозможува да пресретнуваат непријателски мети и да ги уништат пред да биде направена некаква штета.
Силата на проектилот доаѓа од така наречениот rail gun, оружје кое користи електрицитет за да го лансира проектилот по шини.
„Замислете како возот почнува да се движи – слично и проектилот забрзува до мах седум и има сила еднаква на товарен воз кој може да сруши се пред себе” – вели првиот човек на одделот за истражувања на воената морнарица, Контраадмиралот Метју Клундер.
Проектилите можат да летаат околу 160 километри, што е доволно за бродот од кој е испукан проектилот да биде надвор од домет на повеќето копнени оружја. Оваа далечина е неспоредливо помала од дометот на стандардните морнарички крстосувачки проектили кои имаат радиус од 2.400 километри.
Сепак предноста на новото оружје е што проектилите чинат по 25.000 долари што е само 1 процент од цената на конвенционалните морнарички проектили.
Првиот тест на ова оружје на брод треба да се случи во 2016 година, а тестовите со рафално пукање се планирани за 2018 година. Дури потоа морнарицата ќе разработува брод кој ќе биде опремен со овој rail gun.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Htszh_6Sl1s
httpv://www.youtube.com/watch?v=Fnm-etchLOk