Полнети ванилици

popara23 декември, 20141min00
4
Состојки:- 2 јајца
– 1 лажица павлака
– 1 лимон
– 350 гр брашно за тесто
– 125 гр шеќер за тесто
– 1 прашок за печиво за тесто
– 125 гр путер за тесто
– 4 лажици млеко за тесто
– 250 гр мелени ореви- за фил
– 150 гр суво грозје-за фил
– 200 гр шеќер за фил

Подготовка:

Во сад за матење ги ставаме брашното, путерот и млекото. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчКите. Жолчките ги додаваме во садот за матење, а белките ги оставаме во сад настрана. Го вклучуваме миксерот но со мешалките за тесто. Во садот додаваме 125 гр шеќер. Откако состојките ќе се соединат го исклучуваме миксерот. Лимонот го сечеме на половина. Го цедиме во цедалка. Мелените ореви ги ставаме во поголем длабок сад. Додаваме 200 гр шеќер. Го додаваме сувото грозје, павлаката и лимоновиот сок. Мешаме со лажица. Во садот за матење го додаваме прашокот за печиво. Го месиме тестото со рака. Тестото го ставаме на набрашнета работна маса и го месиме со раце. Од тестото формираме долгнавеста форма. Ја сечеме на половина. Од првата половина формираме долгнавеста форма. Ги набрашнуваме работната маса и тестото. Со сукалка развлекуваме правоаголна кора. Ја превртуваме кората на работната маса. Уште малку ја рассукуваме. Со готварска четка краевите на кората ги премачкуваме со масло за јадење. На средината на кората нанесуваме половина од претходно подготвениот фил. Виткаме ролат. Краевите на ролатот ги свиткуваме кон внатрешната страна за да не испаѓа филот. Тавата за печење ја намрснуваме со путер. Во тавата ги ставаме двата ролата. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 180 степени. Ја вадиме тавата од рерна. Со алатка ги оделуваме ролатите еден од друг. Го ставаме првиот ролат на даската за сечење. Ролатот го сечеме на парчиња со широчина од два сантиметри. Со цедалка парчињата ги наросуваме со шеќер во прав. Полнетите ванилици скалесто ги редиме на чинија за колачи.


escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag