Половина заболени не знаат дека ја имаат оваа болест! Видете како да си помогнете!

popara12 декември, 20141min00
blood-sugar1

Симптомите на кои треба да обрнете внимание се:

Зголемена жед и често мокрење. Како што вишокот шеќер влегува во крвотокот, така течноста се повлекува од ткивото. Поради тоа сте жедни повеќе од обично, а како резултат на ова ќе пиете и уринирате почесто.

Зголемено чувство на глад. Без доволно инсулин шеќерот да се пренесе до клетките, вашите мускули и органи остануваат без енергија. Ова предизвикува интензивно чувство на глад.

Губење на тежина. Иако јадете повеќе од обично, може да губите тежина. Без способност да ја користите гликозата, телото користи алтернативни горива складирани во мускулите и мастите. Калориите се губат, а гликозата се исфрла преку урината.

Замор. Кога клетките имаат недостаток од шеќер, станувате заморни и раздразливи.

Заматен вид. Доколку шеќерот во крвта е превисок, од очите може да се пвлече течноста, а ова може да влијае на способноста за фокусирање.

Рани кои поспоро зараснуваат или зачестени инфекции. Дијабетесот тип 2 влијае на способноста за заздравување и спротиставување на инфекциите.

Како да си помогнете?

Единствената светла точка во оваа тажна вест е дека постојат начини за да ја спречите или одложите појавата на дијабетес. Еве како:

Воведете си физичка активност на дневна база. Вежбањето го подобрува делувањето на инсулинот, а гликозата од крвта ја насочува во ткивото, каде може да се користи за енергија.

Одржувајте здрава телесна тежина. Доколку сте дебели, колку повеќе килограми ќе изгубите, толку ги намалувате шансите дека ќе добиете дијабетес.

Јадете намирници без рафинирани јаглехидрати, овошје, зеленчук, интегрални житарки и мононезаситени масти (како што е маслиновото масло).

Грижете се за здравјето. Редовно мерете го крвниот притисок, холестеролот и нивото на триглицериди. Побарајте помош доколку ви е потребна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma