Положбата во која спиете ќе ви открие каква личност сте

popara18 ноември, 201418min00
14

Спороведени се многу истражувања кои се обиделе да ја поврзат положбата за време на сон со некои типови на карактер, а во продолжение прочитајте некои од заклучоците на тие студии.

Фетална положба

Вие имате топло и отворено срце. Во оваа положба детето е поставено во матката. Ова е знак дека имате потреба од утеха. Иако луѓето кои спијат во оваа положба ви изгледаат цврсти надворешно, всушност тие се многу меки внатрешно и несигурни. Во почетокот делуваат студено, но кога подобро ќе ги запознаете стануваат топли и достапни.

Полу-фетална положба

Малку поблаг облик на феталната положба. Оваа положба го изразува ставот кон животот. Луѓето кои вака спијат се здрави, задоволни и стабилни. Овие луѓе немаат многу проблеми во животот.

Log

Луѓето кои вака спијат најчесто се отворени и пријателски расположени, а сакаат да се прикажуваат како кул личности кои ги следат најновите трендови. Иако најчесто се душата на секоја забава, понекогаш се пренаивни и лесно ја даваат својата доверба поради што често пати се разочаруваат.

Stark

Оваа положба наликува на штрк и од тука потекнува името на положбата. Овие луѓе имаат две мошне различни карактеристики. Изгледаат самоуверено кога разговарате со нив, но кога рефлекторите ќе се насочат во нив, стануваат срамежливи. Секако тука постои и другото сценарио: Можеби ви изгледаат мошне опуштено надворешно, а всушност се мошне амбициозни.

Војник

Луѓето кои спијат на грб најчесто се срамежливи, тивки и резервирани. Сакаат ред и високи стандарди, а истото го бараат и од останатите.

Морска ѕвезда

Во оваа положба човекот лежи на грб со раширени раце и нозе. Потсетува на морска ѕвезда. Ова се мошне отворени луѓе, полни со самодоверба и среќни, а одлично се снаоѓаат и со другите луѓе. Најчесто се однесуваат како деца и веруваат и помагаат и на оние на кои можеби не би требало. Без разлика на тоа, тие знаат да те ислушаат и луѓето со задоволство им ги доверуваат своите тајни.

Слободен пад

Овие луѓе имаат чувство дека помалку од сите други имаат контрола над својот живот. Забавни се и се одлично друштво за забава.

Yearning

Овие луѓе или се обидуваат да ги остварат своите соништа или пак соништата ги прогонуваат. Најлоши критичари се самите за себе и секогаш очекуваат најдобри резултати. Се будат подготвени да се соочат со сите предизвици на денот. Делуваат отворено, но многу се сомничави.

httpv://www.youtube.com/watch?v=aJAczp5kWp4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma