Сигурно барем еднаш ви се случило следново сценарио: Сте излегле на состанок еден или два пати со некое момче и само што сте започнале да размислувате кон што води тоа, тој веќе побегнал.
Доколку ова сценарио ви се повторува тогаш можеби правите грешки кои секој би го натерале да побегне. Еве што може да го натера и најзагреаното момче да се предомисли.
Сакате работите да одат премногу брзо – Една работа е да го посакувате тоа, на секој му е дозволено, но друго е да го форсирате. Ако сте една од оние очајници на кои од погледот им тече желбата за долга, стабилна врска – голема е веројатноста дека ќе ги преплашите повеќето момчиња. Тие умеат да го “намирисаат” притисокот и се плашат од такви девојки.
Зборувате за поранешниот – Знаеме дека имате поранешно момче, знае и тој, но верувале или не, вашето поранешно момче не е некој за кого вашето потенцијално момче сака да слуша. Секако, не треба да глумите дека ова ви е прв состанок, но пред да го спомнете поранешниот избројте до 10.
Зборувате само за себе – Не, не не. Ова не значи дека сега е моментот кога треба да почнете да зборувате за поранешното момче. Ова значи дека морате да му дозволите и на него да каже што има да каже. И да го сослушате. Покажете интерес. Доколку само зборувате за себе, момчето ќе се почувствува како да не сте добар соговорник – и ќе биде во право.
Брзате со јавувањето – Правилото кој прв треба да се јави е поприлично недефинирано, но едно е сигурно – доколку му се јавите веднаш по првиот состанок и продолжите да му се јавувате со интензитет кој го гуши, тој најверојатно ќе заклучи дека сте очајна.