Кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те таа беше водечки модел во светот, а и денеска, во нејзината 44-та година од животот, таа изгледа како вистинска манекенка. На доделувањето на „Fashion Media Awards“ во Њујорк, Наоми Кемпбел покажа дека и понатаму го заслужува своето место во модата.
Новата кратка фризура и прилегаше одлично, а светкавиот, оскуден дводелен комплет составен од краток топ и мини здолниште ниту за момент не и ја открија возраста. Напротив!
Иако годините минуваат, Наоми вешто им пркоси, и ниту во лудило не би и дале 44 години.