
Теди Бриџвотер, квортербек на клубот Минесота Викингс пред 12 години и ветил на мајка си дека ќе и купи розе Кадилак Ескалејд, ако некогаш биде дел од NFL.
Теди (21) на Денот на мајките го исполнил своето ветување кое го дал на свои 9 години. Неговата мајка Роуз Мрфи истовремено се грижела за семејството и се борела против рак на дојката. Теди бил одличен во училиште, работел вредно и бил спортска ѕвезда во својата генерација.
Од мали нозе се занимавал со спорт, па својата кариера ја започнал на Универзитетот во Луисвил, каде бил еден од најдобрите играчи во својот тим.
Иако бил дете кога на мајка си и ветил ваков подарок, своето ветување никогаш не го заборавил, а судејќи според реакцијата на неговата мајка, и таа добила нешто што за секогаш ќе остане во нејзиното сеќавање…
httpv://www.youtube.com/watch?v=owVvvjwjW7g