
Состојки:
● 1 кг. карфиол
● 4 парчиња сланина
● 60 гр. путер
● 3 лажици брашно
● 7 дл. млеко
Подготовка:
● Карфиолот добро измијте го, исчистете го, разделете го на мали цветови и варете го кратко во солена вода
во која сте додале малку млеко. Млекото се додава за кафриолот да не ја промени белата боја.
● Во друг сад подгответе го белиот сос. На растопениот путер додајте ја исецканата сланина малку да
се запржи. Пржете една до две минути на тивок оган, па додајте го брашното. Промешајте кратко
и полека почнете да го додавате млекото со постојано мешање. Гответе додека сосот да се згусне.
● Сварениот карфиол процедете го од водата, ставете го во сад за печење и одозгора прелијте го со белиот сос.
● По желба, можете одозгора да додадете сирење или кашкавал.