Иан Ганот бил директор на американската банка JP Morgan. Ганот дал отказ, а своите врски и искуство во светот на финансиите ги искористил за да основа биотехнолошка фирма која во трка со времето се обидува да најде лек кој би го спасил животот на малиот Ејтан.
Кога Ејтан минатата година се разболел од смртоносна дистрофија на мускулите, таткото Иан од Лондон со семејството се преселил во Бостон каде собрал 17 милиони долари и основал компанија за биотехнолошки истражувања.
Дали ќе успеам да го спасам својот син? Не знам, но ќе дадам се од себе. Во секој случај, ќе ја сменам судбината за сите останати деца кои боледуваат од оваа болест – со надеж вели Ганот.