Поучна приказна: Мудриот внук…

popara8 јули, 20141min00
9

Во еден град поради многуте обврски еден син татка си го однесол во старачки дом…
Неговиот син враќајќи се од училиште го посетил својот дедо и се запознал со условите во кои старецот живее. Дедото го замолил следниот ден да му донесе ќебе, за да може да се стопли, бидејќи во домот било доста студено. Таткото на момчето му дал пари за да купи ќебе за дедото. Момчето купило две, па едното го однесол кај дедото, а другото го донесол дома.
Кога таткото се вратил од работа и го здогледал ќебето, зачудено ја запрашал сопругата зошто ќебето е тука. Таа му рекла да го праша синот. Кога таткото го запрашал синот зошто не го однел ќебето кај дедото, синот одговорил дека веќе едно ќебе е однесено кај дедото, а ова го донел дома за да го чува до денот кога кога ќе реши својот татко да го смести во старачки дом, па да му го однесе.
После ова таткото се освестил, па го вратил дедото во својот дом, на големо задоволство на внукот.