Марси МекКвилан – калифорниски експерт (за вошки), има теорија дека токму на ова се должи зголемувањето: „Сведок сум на зголемено ширење на вошките годинава. Обично, лекувам помлади деца, бидејќи се со поголем ризик од контакт на глава-со-глава. Но сега, тинејџерите ги доближуваат главите секој ден за да се фотографираат со мобилните. Секој од нив што го лекувам, го прашувам за селфијата, и секој од нив признава дека се фотографира секој ден. Мислам дека и родителите и тинејџерите треба да се свесни за овој проблем”.
Со еден збор, се е тоа забавно, додека не бидете приморани да ја избричите главата.