Раперот Ерл Хејс ја убил својата сопруга Стефани Мозли, а потоа си го одзел животот.
Американската актерка Стефани Мозли и нејзиниот сопруг Ерл Хејс биле пронајдени мртви во луксузен апартман во Лос Анџелес.
За врме на убиството и самоубиството, раперот Ерл зборувал на телефон со својот најдобар пријател Флојд, кој сега е главен сведок.
Според информациите кои ги објавија медиумите, Ерл се јавил кај својот пријател за да му каже дека Стефани го изневерува. Флојд се обидел да го смири, но без успех.
Трагедијата ја пријавиле соседите, кои слушнале пукотници. Кога полицијата пристигнала веќе било доцна.
Додека се прашувале што се случува внатре се слушнале уште два истрели. Тогаш тие ја скршиле вратата и ги пронашле телата на сопружниците.