Правила на современата жена – Или како треба да живееш за да бидеш среќна?

popara27 јануари, 201417min00
23

Не е страшно ако имаш 22, 32 или дури 42 години и се уште не знаеш што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш.

Научи се да заработуваш пари сама. Само така ќе можеш да си ги трошиш кога ќе посакаш и да не зависиш од никого.

Никогаш не губи го времето со мажи кои зборуваат премногу, а не прават ништо, мажи кои се премногу зависни од родителите, кои те понижуваат и прават да се чувствуваш ефтино, мажи кои те сметаат за забава и ништо повеќе.

Не секогаш ќе те разбираат, не сите ќе те подржуваат и ќе ти кажат браво за трудот што ќе го вложиш. Но тоа не треба да биде причина за да се откажеш!

Стој подалеку од луѓе кои постојано се споредуваат со тебе, луѓе кои ти завидуваат или те критикуваат. Биди со оние кои навистина ти мислат добро и се радуваат на твојот успех.

Било каков избор да направиш, не срами се. Од секоја грешка ќе научиш по една полезна лекција.

Храбро бакнувај ги жабите кои ќе те пресретнат по твојот пат. Само така еден ден ќе стигнеш до принцот.

Не дозволувај да живееш во минатото. Минатото никогаш нема да се врати, а ти ќе изгубиш драгоцено време.

Пријателите не се она што беа. Биди подготвена на ниски удари, предавства, нож во грб, разочарувања.

Живеј го животот само за себе и според свои правила! Не како што сакаат твоите родители или како што сака партнерот.

Барај баланс во се. И премногу работа, и премногу забава нема да ти донесат ништо добро.

Сексапилот и убавината зависат само и единствено од тебе.

Нема ништо лошо во тоа да си сингл, да ти се случи секс за една ноќ, или пак да не брзаш да создадеш семејство.

Луѓето секогаш ќе зборуваат. Затоа однесувај се така како што се чувствуваш, без да се сообразуваш со туѓото мислење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag