Марк Цукенберк ги изненади бројните аналитичари кога пред 2 години го купи Инстаграм па повеќето не можеа да поверуваат дека шефот на Фејсбук понудил милиарда долари за компанијата која до тогаш не заработила ни цент, но денес таа цифра не изгледа голема бидејќи деновиве Цукенберг ја откупи и Whats App за 19 милиарди долари.
Колку е моќен Фејсбук најдобро зборува податокот дека ни една од големите компании како Мајкрософт, Епл или Гугл до сега не потрошиле толку пари за купување друга компанија.
Најинтересниот дел од оваа приказна е тоа дека основачот на Whats App, Брајан Актон во 2009 година останал без работа, барал работа во Фејсбук но тие го одбиле – пет години подоцна Цукенберг му плати 19 милиарди за апликацијата.