Edgar Mission е непрофитна организација и претставува фарма која во моментов се грижи за околу 300 различни животни. Животните за кои се грижат страдаат од одредени деформации, болести или имаат потешки повреди.
Нивната мисија е да ги излечат животните и да им овозможат нов дом кој се простира на 60 хектари во Викторија, Австралија.
Фрости е дел од ова семејство, која иако е тешко болна, со грижа, многу љубов и нови нозе – количка, покажува огромна желба за живот.
Погледнете го видеото, можеби ќе ве потикне повеќе да го цените она што го имате, да се радувате на малите работи, и самите да правите добри дела.
httpv://vimeo.com/95834056