Природни намирници против болка

popara19 април, 20141min00
3

Болка во мускулите
Цреша – еден грст од овие плодови или две чаши сок од цреша во денот, ќе ви ги намалат болките во мускулите. Црешата содржи антивоспалителен ензим како ибопрофенот, но без никакви нус појави и штетно влијание врз желудникот и бубрегот.

Губење на меморијата
Сончогледово семе – конзумирајте една четвртина шоља дневно. Семето на сончогледот изобилува со витамин Е кој ги штити неуроните во мозокот од акумулиран стрес, што значи подолго ќе паметите.

Недостаток на концентрација
Јајца- конзумирајте по едно јајце во денот. Јајцата содржат хранливи материи кои му помагаат на мозокот да ги пренесе наредбите на остатокот од вашето тело и истовремено ја одржува структурата на клеточната мембрана.

Стареење на кожата
Портокал – конзумирајте по една во денот или две чаши сок од портокал. Витамнот Ц му помага на телото во производство на колаген, протеин кој ја одржува кожата еластична.

Депресија
Кафеав ориз – конзумираје по една шоља варен кафеав ориз во денот. Јаглехидратите помагаат во регулирањето на производството на серотонинот, кој влијае на контролата на расположението.

Несоница

Пилешко месо – конзумирајте по 100 грама во денот. Пилешкото содржи аминокиселина која му помага на телото да го произведува хормонот мелатонин кој помага подобро да се спие.

Отечени очи
Зелен чај – конзумирајте по една шоља дневно, после јадење. Отеченоста која создава темни кругови околу очите често е предизвикана поради задржување на течност. Зелениот чај ги намалува нesаканите отоци по целото тело.

Недостаток од енергија
Банани – конзумирајте по една дневно. Бананата е богата со калиум и магнезиум кои се клучни елементи за производство и чување на енергијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag