„Срцето ми се кине кога ќе видам колку луѓе се евакуирани во Босна. Преку 950 илјади!!! Издржeте браќа… Помош ќе пристигнува од целиот свет“, напиша Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ, во неделата го освои Мастерс турнирот во Рим, а паричната награда од 500.000 долари ја донираше за помош на загрозените од поплавите. Исто така, тој преку својата Фондација веќе собрал 100.000 долари, а претходно уплати и лични сретства во хуманитарни цели.
„Исто така, гледам и дека истокот на Хрватска е погоден од поплавите. Искрено се надевам дека кај вас нема да е со толкави размери како во Србија и Босна“, дополни српскиот тенисер.