„X-Men: Days of Future Past“ уште во првиот викенд на прикажување лесно успеа да го симне „Godzilla“ од врвот. Мутантите на Marvel одлично се покажаа не само на северноамериканскиот бокс-офис, туку и глобално гледано заработката им е на завидно ниво. Севкупно филмот во период од три дена успеа да заработи 261 милиони долари и според процените до следниот викенд ќе стане најпрофитабилниот „X-Men“ филм направен досега.
Мутантите зад себе го оставија „Godzilla“ кој заработи 31,4 милиони долари, а на третата позиција се наоѓа новата комедија на Адам Сендлер „Blended“ која иако се наоѓа на солидно место на листата, не може да се рече дека заработи голема сума.
Целосниот изглед на северноамериканскиот бокс-офис:
1. „X-Men: Days of Future Past” – 90,7 мил.долари.
2. „Godzilla” – 31,4 мил.долари.
3. „Blended” – 14,2 мил.долари.
4. „Neighbors” – 13,9 мил.долари.
5. „The Amazing Spider-Man 2″ – 7,8 мил.долари.
6. „Million Dollar Arm” – 7,1 мил.долари.
7. „The Other Woman (2014)” – 3,7 мил.долари.
8. „Rio 2″ – 2,5 мил.долари.
9. „Chef (2014)” – 2,3 мил.долари.
10. „Heaven is for Real” – 1,9 мил.долари.
httpv://www.youtube.com/watch?v=pK2zYHWDZKo