Ерика е професорка по математика во средно училиште од Пенсилванија. Таа е обвинета за сексуални односи со ученик (17) на кого му испраќала непристојни пораки и видео снимки.
Таа е во брак, мајка на три деца, а обвинета е за уште десетици прекршоци за сексуално малтретирање на малолетник и ширење на забранети видео материјали.
Според истрагите таа прва и пришла на жртвата Мај минатата година за време на матурската прослава, повикувајќи го да оди кај неа после вежбање во теретана. Неколку дена подоцна, ученикот одговорил на нејзиниот повик и почнале да си разменуваат пораки секојдневно.
Во наредните месеци таа му испраќала сексуално експлицитни пораки, фотографии во бикини и видео каде мастурбира за него. Според полициските служби односот кулминирал Јули 2013 кога професорката и ученикот се состанале и отишле да имаат секс во автомобил. Таа побарала тој да не каже никому за оваа средба.
Полицијата дознала за овој прекршок кога некој им кажал дека ученикот се пофалил за врската со фотографии и детали. Двајцата ја признале нивната афера, а ученикот рекол дека по првиот состанок, таа побарала од него да се гледаат повторно.
Таа во моментов е на слобода со кауција од 50 000 долари под услов да не е во контакт со малолетни деца, освен сопствените.