На предизивкот за општо намалување на потрошувачката на гориво, Renault одговара со прототипот EOLAB. Движечката лабораторија содржи повеќе од 100 нови технолошки решенија кои овозможуваат потрошувачката на гориво да се задржи во границите од 1 литар бензин на 100 километри.
Renault е решен да помогне во зачувувањето на животната средина како и во намалувањето на озонската дупка предизвикана од емисијата на штетниот CO2. За таа цел е изработен прототип врз база на модел од Б-сегментот (Clio) во кого се вградени ни помалку ни повеќе туку точно 100 технолошки новитети. Развојот е одвиван во три правци: минимизирање на тежината, оптимизирање на аеродинамиката и примена на “Z.E. Hybrid” хибридниот погон.
Новите решенија Renault планира постепено да ги имплементира во своите идни сериски модели а целосната примена на иновативната технологија ќе биде применлива до 2020 година. Податокот кој не интересира сите нас е – цената. Токму ценовната пристапност на проектот EOLAB гарантира брза и широка примена на новата технологија. Всушност целиот проект уште на почеток е дизајниран со намера за постигнување на големосериска продукција.