
Според каубојскиот дрес код секој ден се соодветно облечени за да се вклопат целосно во атмосферата. Првиот ден Ештон е облечен во фармерки, црвена маица и црн каубојски шешир, додека Мила е облечена во фармерки, црна маичка и розева карирана кошула.
Вториот ден Ештон е во фармерки, бела маица на кратки ракави, сина марама околу вратот и повторно со црниот каубојски шешир, а, пак, Мила е во мрежеста разресена маичка од која и ѕирка стомачето, кое не го крие.
Од фотографиите може да се забележи дека одлично се забавуваат, танцуваат и се прегрнуваат. Каде и да се појават се забележува нивната љубов и заедничка среќа.
Овојпат веројатно најмногу им годела улогата во ваква позитивна кантри каубојска љубов.


