Овој остров останува верен на Хавајските традиции, сокриен од гужвите и размазениот свет – На островот ниту една градба не е повисока од палма на кокос, нема сообраќај и нема семафори. На него може да ја осетите и впиете хавајската енергија и култура. Право парче рај на земјата.
Ако сте се одлучиле да го поминете луксузниот одмор на островот во мирна и тивка атмосфера, или пак би можеле да доживеете бројни авантури кои ги нуди островот ова е право место на кое треба да одите. Ќе имате желба да останете таму засекогаш. Замислете ги Хаваите во минатото. Непроменета земја со недопрени плажи. Тоа е тоа што Малокаи го претставува и ден денес.