Ракчиња во авокадо
Потребни производи:
- 1 половина зрело авокадо
- 1 канче кисело млеко
- 100гр мајонез
- 1 чешне лук
- 200гр коктел ракчиња
- 1 лажица сенф
- бибер
Начин на подготовка:
Го чистите авокадото и ја полните дупката со сите состојки, однапред измешани.
Супа од авокадо
Потребни производи:
- 1 половина зрело авокадо
- 1 пилешки бујон
- 2 чешниња лук
- 1 павлака за готвење
- сок од лимон
- ролни од ракчиња
- сол
Начин на подготовка:
Ја растворате коцката супа во 200 мл топла вода. Го лупите и сечете авокадото. Во блендер го додавате авокадото, растворената супа, лукот, сокот од лимон, сол и бибер. Ги пасирате сите состојки и додавате павлака. Ја сервирате супата, како посеана со исечени ролни од рак наместо фиде.