Циметот има уникатна способност да го активира процесот на слабеење, бидејќи содржи супстанции кои го намалуваат нивото на шеќер во крвта, поради што циметот се користи и за лечење на дијабетес.
Чај од мед и цимет
Потребни ви се 2 лажици мед и 1 лажица цимет. Циметот се попарува со врела вода и се остава да отстои половина час.
Во еден литар врела вода се става 1 супена лажица цимет, а откако ќе се олади се додаваат 2 супени лажици мед и се остава смесата да отстои една ноќ во фрижидер. Пијте по половина чаша од пијалокот наутро на гладно и навечер пред спиење. Слабеењето ќе започне кога организмот ќе се ослободи од се она што му пречи да работи нормално: габички, паразити, токсини, маснотии во крвта.
Чај од цимет и ѓумбир
Неверојатни својства има чајот од цимет и ѓумбир, што е моќно средство против бактерии, ја забрзува размената на материи и помага во борбата со некои видови рак.
Рецептата за овој елексир е следната:
Во половина чаша кефир се додава малку црвен пипер, половина лажица цимет и ѓумбир во прав. Смесата се пие на гладно. Таквата комбинација обезбедува најдобро согорување на маснотии.