
Меки, пенасти палачинки тешко е да постигнете, освен ако немате добра тава и добар рецепт. Разгледајте го овој рецепт и советите.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 јајца
* 250гр брашно ( половина обично, половина остро)
* 350мл млеко
* 1дцл. Кисела вода
* малку сол
* 2 лажичиња масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пенасто изматете ги јајцата. Матете се додека не добиете густа хомогена смеса. Потоа додадете го маслото, па млекото и измешајте. Потоа со постојано мешање додавајте го брашното се додека не ја потрошите задеадената мерка. Додадете ја солта. Доколку ви се чини дека смесата е густа, додадете кисела вода.
Која е вашата тајна, како да направиме најдобри палачинки?