„Птиците се неверојатно свесни за тоа каде точно секоја од нив се наоѓа и што прави”, смета екопсихологот Стивен Португал од Royal Veterinary College, кој пред неколку години разви уред што може дури петпати во секунда да ги бележи податоците на GPS за положбата на птиците синхронизирани со акцелерометар што ги брои движењата со крилата.
И претходните теоретски модели покажуваа дека птиците летаат во карактеристични формации поради штедење на енергија, но експертите ја отфрлија хипотезата бидејќи заклучија дека координацијата на положбата на птиците би требало да биде неверојатно прецизно.
Некои научници сметаа дека изгледот на формацијата се должи пред се за заштита од различни предатори, но сегашните прецизни мерења покажаа дека птиците се совршено свесни за својата положба во јатото.