Досега се објавени многу малку фотографии од детството на Ким Јонг Ун, а на нив може да се види и неговата мајка Ко Јунг Хуи, како и сликата од неговиот пасош.
Од тинејџерскиот период на диктаторот има само една фотографија, снимена во текот на екскурзија во Швајцарија каде што се школувал.
Тој таму бил со таен идентитет и име Пак Ун, а властите во Швајцарија знаеле дека тој е син на човек вработен во амбасадата на Северна Кореја, пишува британски Telegraph.
Неговите пријатели од тој период изјавиле дека бил опседнат со кошарка и дека политиката воопшто не го интересирала.