Имено, кога се обидела да направи „селфи“ со шефот на полицијата во Лос Анџелес, Стив Собороф, на пејачката и падна на подот неговиот мобилен телефон и екранот пукнал.
Посрамената Ријана потоа одллучи да напише автограм на мобилниот, па на позадината напиша: „Извини. Ја сакам полицијата на ЛА“.
Стив мобилниот го стави на аукција, а најголемата понуда засега изнесува 1500 долари.
За да се извини дополнително поради оваа несреќа, Ријана одлучи на тамошната полиција да донира 25.000 долари, а парите ќе одат кај семејствата на насрадани полицајци.