Русија испраќа сили на Крим! Виталиј Кличко повика на општа мобилизација во Украина.

popara2 март, 20141min00
_Crimea_2837793b

„Сега, по одлуката на Советот на Федерацијата, претседателот ги има сите инструменти неопходни за решавање на ситуацијата, како во однос на примената на армијата, така и во однос на нивното активирање, и во поглед на решението за отповикувањето на нашата дипломатска мисија во САД”, изјави Димитриј Песков.

Vd7x7m3

Сепак, според портпаролот на рускиот претседател, „ниту во однос на првото, нити во однос на второто прашање претседателот сè уште не донел решение”.

Путин го побара испраќањето војска во Украина поради вонредната ситуација во земјата во која постои опасност по „животите на граѓаните на Руската Федерација, нашите сонародници и припадниците на вооружените сили на Руската Федерација на украинската територија – Автономната Република Крим”, пренесува агенцијата Anadolu.

Во Киев вршителот на должноста украински претседател Александр Турчинов свика итен состанок на шефовите на украинските безбедносни сили откако беше објавена веста за одобрување на барањето на Путин во рускиот парламент, соопшти неговата портпаролка.

Виталиј Кличко повика на општа мобилизација во Украина.

„Кличко повикува да се нареди општа мобилизација”, објави неговата партија УДАР, објаснувајќи дека повикот се однесува на воена мобилизација.

Советот за безбедноста при Обединетите нации ќе одржи итна седница за кризата во Украина откако Русија одобри испраќање на вооружени сили на Крим.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag