Неодамна главниот организатор на Олимпијадата во Сочи изјави дека градот моментално е „најбезбедното место на планетата, а покрај него и властите од Кремљ инсистираат дека спортистите и посетителите нема за што да се грижат, бидејќи олимписките игри ќе бидат заштитени од „обрач од челик”.
За да видиме за каков безбедносен „обрач” станува збор, Business Insider ги објави мерките за безбедност што ги преземаат руските власти за време на Зимските олимписки игри 2014-та.
Од аспект на воздушно надгледување, Русија има подготвено огромна флота од дронови кои ќе го надгледуваат небото над Сочи.
И во однос на видео – набљудувањето, властите ќе го постигнат врвот. Поставена е мрежа од илјадници видео камери низ Сочи, преку кои будно ќе се набљудуваа градот. Ова го прави Сочи еден од најнадгледуваните градови во светот.